Јамал на стартот на кариерата: Никогаш нема да ја напуштам Барселона

Од:

Младата фудбалска сензација Ламине Јамал гостуваше во програмата Ел Хормингуеро во живо, каде откри многу интересни работи за неговиот живот, и колку се му се променил по освојувањето на титулата европски првак.

Јамал (17) блесна на ЕП и ја предводеше својата Шпанија до шампионската титула. Сепак, кариерата е уште пред него, а пред ТВ камерите во програма во живо вети дека засекогаш ќе остане во Барселона, што секако е неблагодарна работа да се предвидува на самиот почеток на неговата кариера.

„Никогаш нема да ја напуштам Барселона бидејќи сакам да станам легенда на клубот. Споредбата со најдобриот во историјата Лионел Меси е неверојатна, но сакам луѓето да ме паметат како Ламине Јамал“, изјави младиот фудбалер и откри што друго што му се допаѓа во каталонскиот клуб:

„Во клуб како Барселона те учат за животот. Имаме психолози и тие ме подготвуваат за живот“, додава Јамал.

Младата ѕвезда на Барселона откри и како шпанската репрезентација го прославила европскиот трон.

„Сите заедно славевме, вклучувајќи ги и нашите семејства и пријателите. Најмногу ме воодушевија Унаи Симон и Алваро Мората, бидејќи мислев дека се сериозни луѓе. Најтешко ми беше што требаше да се разбудам во 9 часот следниот ден. Делував пијано“, додаде Јамал.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Почина млад српски кошаркар (15)

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“