Извлекување на двојки во ракометните евро-купови

Од:

Македонските ракометни екипи денеска ќе ги дознаат имињата на ривалите во евро-куповите. Во ЕХФ во Виена ќе се оджи извлекувањето во сите евро купови освен во Лигата на шампионите, кое веќе се одржа.

Во ЕХФ купот тимот на Зомимак од Струмица натпреварите ќе ги почне во 2.коло и се наоѓа во групата на носители.

Денеска противниците ќе ги добијат и двете женски екипи кои се пријавени за настап, покрај шампионот Вардар СЦБТ.

Женскиот тим на Металург во 2.коло за противник ќе има екипа од носителите во Купот на победниците на куповите, додека Жито Прилеп ќе почне со натпревари во 3.коло од ЕХФ купот и во група на неносители.

Другите македонски екипи кои настапуваат во Лигата на шампионите се: првакот Вардар ќе настапува во група, додека Металург низ бараж дуел со унгарски ПИК Сегед има шанса да се пласира во Лигата на шампиони, а ако не успее ќе ги продолжи натпреварите во 3.коло од ЕХФ купот. Ракометарките на Вардар СЦБТ ќе играат во квалификациите за влез во група од Лигата на шампионите.

Би можело да ве интересира

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa