Во седиштето на Евролигата во Барселона денеска беа извлечени групите за претстојната сезона.
Најсилна е групата Ц, Реал е фаворит во групата А, европскиот првак Макаби е во Б групата каде ќе игра и Алба Берлин, екипа чиј член е македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски.
Состав на групите во Евролигата за сезоната 2014/15:
А група: Реал Мадрид, Ефес, Жалгирис, Нижњи Новгород, Сасари и квалификант.
Б група: ЦСКА Москва, Макаби, Уникаха, Алба Берлин, Цедевита и Лимож.
Ц група: Барселона, Панатинаикос, Фенербахче, Армани, Баерн Минхен и Туров.
Д група: Олимпијакос, Валенсија, Лаборал, Галатасарај, Црвена звезда и Нептунас.