Новата кошаркарска сезона во Првата македонска лига почна со изненадување.
На првиот натпревар од новиот шампионат, одигран синоќа во Гевгелија, екипата на Карпош Соколи славеше победа во дуелот против домашниот Кожув со 81:74.
Најзаслужни за победата на „Соколите„ беа екс кошаркарите на Кожув, Игор Мијајловиќ кој постигна 19 и Игор Пенов кој придодаде 13 поени.
Во недела, ќе играат два натпревари.
Дебитантите во прволигашкото друштво Водњански лисици и Гоце Делчев играат во меѓусебен дуела, а во салата „Парк„ во Струмица истоимената домашна екипа го пречекува составот на Куманово.
Дуелот МЗТ Скопје – Фени Индустри ќе се игра во среда 15 октомври поради настапот на македонскиот шампион во АБА лигата, кој вечерва во Подгорица од 21 часот и гостува на екипата на Будуќност.
Слободен во првото коло е тимот на Работнички.