Избрани најдобрите фотографија и навивачки транспарент од Виз Ер Скопски маратон

Од:

Избрани се најдобрата фотографија и навивачки транспарент на годинашниов 10. Виз Ер Скопски Маратон 2014.

Роберт Атанасовски освои прво место за најдобра фотографија и награда вредносен ваучер од „Најк“ во износ од 4.000 денари. Второ место и вредносен ваучер од „Најк“ во износ од 3.000 денари освои Томислав Георгиев, а трето место и вредносен ваучер од „Најк“ во износ од 2.000 денари Ѓоко Петковски.

На конкурсот за најдобра фотографија се пријавиле 75 автори со вкупно 139 фотографии, а жири-комисијата одбрала 12 финалисти.

Злата Ѓуровска Брајовиќ освои прво место и награда Виз Ер билет на конкурсот за најдобар навивачки транспарент. Второ место и награда десет книги од издавачката куѓа „Темплум“ во вредност од 3.000 денари освои Огнен Јовановски, а трето место и награда пет книги од издавачка куќа „Темплум“ во вредност од 1.500 денари освои Ана Петровска.

fotoSkopskiM1

На конкурсот за најдобар навивачки транспарент се пријавиле 36 автори со вкупно 48 транспаренти, а жири-комисијата одбрала десет финалисти.

На годинашниов Виз Ер Скопски Маратон трчаа повеќе од 6.000 учесници во сите трки. Виз Ер Скопски маратон изразува благодарност до сите креативни граѓани кои учествуваа на конкурсите.

Финалистите на конкурсите можат да се погледнат на следниве линкови:

http://skopskimaraton.com.mk/transparent2014 ;

http://skopskimaraton.com.mk/fotografija2014 

Би можело да ве интересира

Во Крушево маратонците и обожавателите одбележаа 17 години без Тоше Проески

Падна олимпискиот рекорд во маратонот во Париз

Горан Наумовски

Загина светскиот рекордер Келвин Киптум

Кениецот Едвин Кипту е победник на маратонот во Атина

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

(ВИДЕО) Невидена грешка и остана без 7000 долари: Наместо на целта, тргна кон полицијата

Предраг Петровиќ