Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Од:

Синоќа во „Барклис центарот“ во Бруклин се одржа второто коло на НБА драфтот, каде се пишуваше историјата, бидејќи Лос Англис Лејкерс го драфтуваа Брони Џејмс (19), кој треба да игра со својот славен татко Леброн (39).

Брони беше избран како 55-ти пик од Лејкерси, откако во средата пропушти избор во првата рунда, но сега тој и неговиот татко ќе се запишат во историјата на НБА.

Имено, двајцата ќе бидат првиот татко и син кои ќе играат заедно во НБА за ист тим, со што ќе го исполни долгогодишниот сон на Леброн.

Според ESPN, Леброн бил „многу емотивен“ кога неговиот син бил избран од Лејкерси, а семејството Џејмс се собрало во Њујорк на вечера каде го гледале вториот круг на драфтот во НБА.

Исто така, Леброн се огласи на Инстаграм каде објави фотографија со синот кога тој беше дете со опис „наследство“.

Брони доаѓа во НБА од Универзитетот во Јужна Калифорнија каде во просек постигнуваше 4,8 поени, 2,8 скока и 2,1 асистенции за 19,4 минути по натпревар.

Од друга страна, Леброн влезе во последната година од договорот со Лејкерси и има рок до сабота да одлучи за статусот за следната сезона, но сигурно е дека и по ова ќе остане во Лос Анџелес.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот