Исинбаева стана капетан во руската армија

Од:

Светската рекордерка во скок со стап, Елена Исинбаева, стана капетан во руската армија откако потпиша петгодишен договор. Таа ќе биде инструкторка по атлетика во руската армија, пренесе агенцијата Макфакс.

„Двократната олимписка шампионка, сопственичка на 28 светски рекорди, заслужна граѓанка на Русија, Елена Исинбаева, реши да биде дел од вооружените сили. Капетан Исинбаева е поставена на должност инструктор по атлетика во Централниот клуб на армијата“, се наведува во соопштението.

Светската рекордерка во скок со стап (5 метри и 6 сантиметри) се нема натпреварувано од 2013 година кога во Москва го освои светското злато. Исинбаева која во 2014 година стана мајка, најави дека ќе учествува на ОИ во Рио наредната година.

Би можело да ве интересира

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина