Исинбаева: Неприфатливо е руските атлетичари да не учествуваат во Токио

Од:

Повеќекратната олимписка, светска и европска шампионка во скок со стап, Јелена Исинбаева, изјави дека ќе биде неприфатливо ако на руските атлетичари не им биде дозволено да настапат и на Олимписките игри во Токио во 2020 година.

Руските спортисти изминативе неколку години се во фокусот на светската јавност по скандалот за системски допинг, а во 2015 година беше суспендирано членството на Атлетската федерација на Русија во Меѓународната асоцијација на атлетски федерации.

– Не можам да ја прифатам опцијата нашите атлетичари да не учествуваат на Игрите во Токио. Ако повторно не присилат да настапуваме како неутрални спортисти, тоа воопшто нема да биде пријатно. Но, да се надевамe и почекаме. Руската анти-допинг агенција ги имплементираше правилата на Светската анти-допинг агенција. Штом Агенцијата ќе биде примена ќе има можност да се вратат и руските атлетичари, истакна Исинбаева.

Во 2016 година на последните Летни олимписките игри во Рио де Жанеиро од руските атлетичари настапи само Дарија Клишина. Руската скокачка во далечина настапи како неутрален натпреварувач.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски