Исходот на дуелот Карпош Соколи – Куманово, наместо на терен во суд

Од:

Кошаркарскиот клуб Куманово соопшти дека натпреварот против Карпош Соколи нема да го игра и дека правдата ќе ја бара пред судските органи во државата.

Во саботата мечот од 1.коло на Супер лигата беше одложен, а вчера Здружението на прволигаши донесе одлука да му даде шанса на тимот на Карпош Соколи да ја достави комплетната документација за регистрација на клубот во Акционерско друштво.

Денеска, кумановскиот клуб од комисијата на натпреварување при МКФ, добил нов термин за одигрување на одложената средба против Карпош Соколи, која сега е закажана за утре во СЦ „Борис Трајковски’’, кој Кумановци не го прифаќаат со образложение, дека натпреварот бил неправилно пролонгиран поради неажурноста на „Соколите’’.

На вчерашното Здружение на прволигашите КК Куманово побара овој натпревар да биде регистриран со службен резултат, а во спротивно правдата да ја бараат на суд.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос