Интензивни подготовки за најголемиот спортски настан во Македонија

Од:

Фудбалската федерација на Македонија интензивно работи на подготовките за УЕФА Супер Куп натпреварот кој го организира на Националната арена во Скопје.

Оваа недела во посета на ФФМ и нашиот главен град е бројна работна делегација на УЕФА. Активностите за реконструкција на просториите на северната трибина (Прес центар, простории за медиуми, позиции за ТВ камери, ВИП ресторани, канцеларии, паркинг зони) и доизградба на фасадното обликување веќе се во завршна фаза, а гостите од УЕФА се исклучително задоволни од сработеното во однос на минатата посета.

– ФФМ направи големи напори за да можеме да бидеме задоволни од сработеното во оваа фаза на подготовки за Супер Куп натпреварот. Направени се големи зафати на стадионот, северната трибина ќе биде многу функционална за сите посетители, вклучувајќи го организаторот, носителот на ТВ правата, медиумите и општо гледачите, е ставот на УЕФА.

Најголемиот спортски настан во Македонија ќе се одигра на 8 август. За Супер Куп трофејот ќе се борат победникот во Лигата на шампионите и најдобриот клуб во Лига Европа.

Би можело да ве интересира

Горан Пандев спортски директор на националните селекции

Катерина Ѓуровски

Масар Омерагиќ е нов претседател на ФФМ

Македонија против Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн ќе бара виза за СП2026

А1он

Масар Омерагиќ единствен кандидат за претседател на ФФМ

А1он

УО на ФФМ закажа Изборно Собрание на 22 декември, Масар Омерагиќ ќе го наследи Муамед Сејдини?

Горан Наумовски

Превирања во ФФМ: Членови на Управниот одбор бараат итна седница

Катерина Ѓуровски