Еден од најдобрите шпански фудбалери Андрес Иниеста, по ремито синоќа против Мароко (2-2), рече дека неговиот тим треба многу да ја подобри играта во осминафиналето против Русија.
– Ние ја исполнивме првата задача, влеговме во плејофот, и од прво место ја дочекуваме следната фаза. Сега не очекуваат натпревари по кои нема поправен. Започнуваме да се подготвуваме за нив. Признавам дека имаме недостатоци во играта. Вклучувај и мене лично. Затоа е важно да се разбере дека во натпреварот со Русија мораме да играме подобро, да направиме уште еден чекор напред во однос на квалитетот на нашиот фудбал. Ова е Светското првенство. Лесните ривали не можат да бидат тука, нагласи Иниеста.
Шпанија и Русија во осминафиналето на Мундијалот ќе играат на 1 јули во Москва.