Инфантино: „ВАР“ е иднината на модерниот фудбал

Од:

Видео технологија (ВАР), која на судиите им помага во решавањето на спорните моменти на натпреварите е иднината на фудбалот, изјави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

„ВАР“ дури пет пати беше користен во досегашниот дел од Купот на Конфедерациите во Русија и многу ги промени првичните одлуки на судиите. Прво и беше пништен гол на Португалија поради офсајд на средбата со Мексико, од истата причина и Чилеанците останаа без погодок против Камерун, на Австралија и беше признат гол против Германија, откако Томи Јуриќ играше со рака, но беше оценето дека немал намера.

Претседателот на ФИФА Инфантино е задоволни од новиот проект, истакнувајќи дека светската организација го прави тоа што го сакаат љубителите на фудбалот.

– Ова е иднината на модерниот фудбал, јас сум импресиониран. Ова е голем чекор напред во развојот на играта, а Купот на Конфедерациите ни служи да се донесе видео технологија до совршенство, рече Инфантино.

За сега не е официјално потврдено дали „ВАР“ ќе се користи на Светското првенство во Русија следната година, иако Инфантино најави такво нешто.

Би можело да ве интересира

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски

Фудбалерите на Реал Мадрид по деветти пат станаа светски клупски шампиони

Фудбалерите на Црвена звезда го декласираа Нови Пазар во српската Суперлига

Горан Наумовски