Инфантино сака револуција во фудбалот

Од:

Иднината на фудбалот ќе се решава на следниот состанок на Управниот одбор на ФИФА – на 14 и 15 март во Мајами.

Таму ќе бидат дискутирани важни теми како зголемувањето на тимовите на Светското првенство во Катар до 48, нов формат на светското клубско првенство, како и нова Лига на нациите – но овој пат не европска, туку светска.

Во моментов во календарот нема официјален датум за следниот клупски Мундијал, кој треба да се одржи кон крајот на 2019-та година. Форматот и организацијата се ставени под прашање и се уште не се ставени на гласање.

Џани Инфантино сака турнирот да има повеќе тимови – како Светското првенство за репрезентации, а не да биде составен само од победниците во сите најсилни клубски турнири во одделните континенти.

ФИФА ќе сака враќање на формата на Интернационалниот куш, во која учество земаат и победниците во Лига Европа и Копа Судамерикана.

За Светското првенство во фудбал пак се размислува напорно за варијанта тимовите да бидат зголемени до 48 уште на Мундијалот во Катар во 2022 година, а не дури за шампионатот во Канада, Мексико и САД во 2026 година.

Инфантино има и желба да ја внесе ФИФА во Лигата на нациите (во моментов под покровителство на УЕФА). Така, турнирот ќе замине надвор од Европа и ќе може да вклучи многу поголем број земји.

Сите овие промени ќе бидат разгледани неколку месеци пред гласањето на ФИФА на 5 јуни во Париз.

Би можело да ве интересира

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски

Фудбалерите на Реал Мадрид по деветти пат станаа светски клупски шампиони