Инфантино: Не ме интересира европската Суперлига

Од:

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино изјави дека не е заинтересиран за европската Суперлига, по информациите дека елитните фудбалски клубови сакаат да ја напуштат Лигата на шампионите и да воспостават ново натпреварување, со поддршка на Светската куќа на фудбалот.

Во интервју објавено во германски „Аргауер Цајтунг“, Инфантино изјави дека ФИФА е насочена кон успехот на Светското клупско првенство во нов формат, во кој 24 екипи ќе учествуваат во Кина од 2022 година.

– Како претседател на ФИФА, ме интересира Светското клупско првенство, а не Суперлигата. За мене ова не е натпревар помеѓу Баерн Минхен и Ливерпул, туку Баерн против Бока јуниорс, изјави Инфантино.

Тој објасни зошто се противи на формирањето на Суперлигата.

– Ливерпул има 180 милиони навивачи ширум светот. Фламенго има 40 милиони фанови, од кои 39 се во Бразил. Ливерпул може да има пет милиони навивачи во Англија и 175 милиони во светот. Сакам клубовите надвор од Европа да бидат привлечни на глобално ниво во иднина. Тоа е мојата визија, да има 50 клубови и 50 репрезентации кои би можеле да станат светски шампиони, додаде тој.

Британските медиуми неодамна објавија дека Манчестер Јунајтед и Ливерпул веќе дале согласност за учество во Европската Супер лига и дека Реал Мадрид е близу до потврден одговор.

Како што тогаш соопшти „Скај“, повеќе од 12 клуба од Англија, Германија, Шпанија, Италија и Франција преговараат да бидат основачи на ново натпреварување, кое може да започне во 2022 година.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи