Инфантино: Мундијал на две години би функционирал

Од:

Наспроти бројните критики кои пристигнуваат од сите страни, Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) не се откажува од идејата за воведување Светско првенство на две години.

Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, посочи дека тоа не е негова желба, туку заложба на огромно мнозинство од земјите членки.

– Светско првенство на две години не беше мое барање, туку Конгресот (на ФИФА) побара да се подготви студија на изводливост. Направивме многу сериозна студија, која покажува дека од спортска гледна точка сè би функционирало, би имало помалку репрезентативни натпревари, но повеќе значајни, изјави Инфантино за италијанските медиуми.

Тој истакна дека Светско првенство на четири години, како што е тоа сега случај, е застарен модел,

– Многу земји во светот немаат среќа да настапуваат на Мундијалите, само 32 од 211 држави. Кога било одлучено Светското првенство да се одржува на четири години, фудбалот се играл во 40 држави во светот, а денес ги има повеќе од 200 и тоа мора да се земе предвид, изјави претседателот на ФИФА, Инфантино.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи