Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон запиша уште една победа сезонава во Формула 1, откако го освои првото место на денешната трка за Големата награда на Сингапур.
Ова за него е вкупно 60-та победа во кариерата.
Трката практично беше решена на стартот кога возачите на Ферари, Себастијан Фетел и Кими Раиконен останаа без пласман по сударот на влажната патека во кој учествуваше и Макс Верстапен од Ред Бул.
Во таква ситуација без Фетел, кој ја имаше пол позицијата, Хамилтон и немаше проблеми да стигне до првата позиција на патеката „Марина Беј“, откако и безбедносното возило често беше на патеката.
Второто место го освои Даниел Рикардо од Ред Бул, а трет заврши вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас.
Во генералниот пласман води Хамилтон со 263 поени, пред Фетел со 235 и Ботас со 212. Кај кострукторите на првото мест е Мерцедес со 475 поени, пред Ферари со 373.
Следната трка се вози на 1 октомври за Големата награда на Малезија.