Навивач направи непријатен инцидент по мечот на кој Рожер Федерер го совлада Бразилецот Алехандро Фалјо на Ролан Гарос.
Младото момче дојде до Федерер во желба да направи заедничка фотографија со што освојувачот на 17 Грен слем титули беше непријатно изненаден и незадоволен, особено ако се потсетиме како беше уништена кариерата на Моника Селеш.
Федерер доби извинување од директорот на турнирот Жилбер Изерн кој сепак изјави дека мерките за безбедност нема да бидат зголемени туку само повторени упатставата за луѓето од обезбедувањето.
Истовремено на навивачот кој го предизвика инцидентот му е забрането следење на тениските мечеви на Ролан Гарос во траење од една година.