Александар Илиевски победи на Илинденскиот пливачки маратон што се одржа денеска во водите на Охридско Езеро.
23-годишниот Илиевски ја исплива маратонската патека со време од 28 минути 15 секунди и 88 стотинки.
– Не беше лесно. Ова ми е 11-ти пат како ја пливам оваа патека. Водата беше одлична, условите беа идеални, имаше малку бранови, но се надмина и тоа – изјави Илиевски.