Кошаркарскиот клуб Кожув по серијата порази му врачи отказ на досегашниот тренер Стратос Кукулекидис и на негово место го донесе Марјан Илиевски.
Ова е трета смена сезонава во гевгелискиот клуб кој пред почетокот на првенството имаше големи амбиции. Сезоната ја почнаа со Боби Митев, по тоа дојде грчкиот тренер, за сега на Илиевски да му припадне задачата клубот да го извади од резултатската криза.
Прв голем предизвик за новиот предводник на Кожув ќе биде успешно претставување во Купот на Македонија во периодот 19-21 февруари. Токму гевгеличани ќе бидат организатори на купот и очекуваат борба за трофејот.
Илиевски претходно работеше во Лирија, и Сигал Приштина, екипа со која минатата сезона триумфираше во БИБЛ лигата.