Икс-Томи Дизајн обмисли верзии на Бе-Ем-Ве: „Гран Купе“, „Шутинг Брејк“ и „Пикап“

Од:

Компанијата Бе-Ем-Ве пред неколку дена ја претстави концептната „Серија 8“, а потоа уметникот Икс-Томи Дизајн одлучи да ја употреби својата фантазија и да изработи три верзии на овој модел – „Гран Купе“, „Шутинг Брејк“ и „Пикап“.

Се работи за рендери од кои „Гран Купе“ можеби е најреален, а веќе кружат гласини дека семејството од „Серијата 8“ ќе биде проширено со купе, кое ќе се појави во 2018 година. Тој модел се развива под кодното име Г16.

Рендерот на „Шутинг Брејк“ верзијата е чиста фантазија, па шансите за ваков модел се многу мали. Некои ќе кажат дека тоа е штета, бидејќи изгледа исто атрактивно како и купето, а би бил и доста по практичен.

Секако, јасно е дека од „Пикапот’ нема да биде ништо, но барем може да се фантазира за него.

Бе-Ем-Ве си поигра со идејата за пикап користејќи два модела на М3, еден и припаѓаше на генерацијата Е30, а вториот на малку поновиот модел Е92.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска