Иџе новата сезона ја започнува на „Монца“

Од:

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски Иџе в недела (30 април) по екипирањето на првиот македонски национален тим „АКК Стефановски“, ќе настапи на ФИА ЕТЦЦ шампионатот.

Иџе ја започнува новата ЕТЦЦ сезона со трката во Италија на легендарната патека „Монца“. Македонија ова сезона ќе дебитира на ФИА ЕТЦЦ со националната екипа, АКК Стефановски. За летачкиот Македонец Игор Стефановски Иџе, ова ќе биде втората ФИА ЕТЦЦ сезона.

– Стефановски ќе даде се од себе со цел да овозможи македонската химна и македонското знаме да бидат дел од победничкиот пиедестал по трката во Монца. Тој ќе го вози автомобилот на АКК Стефановски, Сеат Леон со спецификација ТРЦ модел 2017. Автомобилот, екипата и Иџе комплетно се подготвени за предизвикот кој следи на легендарната Монца, информираат од тимот на Иџе.

По освојување на Имола мината сезона, Стефановски атакува на победи и оваа сезона. Тој ќе се обиде да победи и на легендарната патека „Монца“.

Националниот автодром во Монца се наоѓа во непосредна близина на Милано. Изграден е во 1922, а во 1980 и 2000 претрпе одредени измени. Важи за најлегендарна патека. Ја посакуваат и тркачите, најмногу заради самата атмосфера која ја следи.

Би можело да ве интересира

Игор Стефановски-Иџе во партнерство со „Макпетрол“ до врвни резултати на европските авто-трки

Стефановски остана без пласман на денешната трка во Имола

Ана Ололовска

ВИДЕО: Стефановски со своето „Хјундаи“ удри во заштитната ограда и остана без пласман

Ана Ололовска

Стефановски четвртопласиран во Монца

Ана Ололовска

Балотели ќе игра за второлигашот Монца, за половина милион евра неделно

Жарко Настоски

Стефановски победи на „Валелунга“ во трка од ТЦР шампионатот

Ана Ололовска