Италијанскиот производител на спортски автомобили „Ламборџини“ го претстави својот футуристички концепт „Терцо Миленио“, изработен заедно со американскиот Институт за технологија од Масачусетс (МИТ).
За да го оправда своето име „Терцо Миленио“, што во превод значи „Трет Милениум“, автомобилот има исклучителна аеродинамична форма и електричен погон од четири мотори.
Воедно, современата технологија придонесува и за значитечлно намалување на масата на самото возило.
Електромобилите вообичаено се претешки токму поради класичните масивни погонски батерии.
Подетални информации за карактериситките на новиот „Ламборџини“ допрва ќе следат.