Ичелиќ повеќе не е тренер на Кожув

Од:

Само еден ден по победата над Фени Индустри и пласманот на Фајнл Фор турнирот во Купот на Македонија, односно на само неколку дена пред почетокот на вториот дел од сезоната во Првата Лига, од тимот на Кожув обелоденија дека спогодбено ја прекинаа соработката со досегашниот тренер Марко Ичелиќ.

Ичелиќ пристигна во екипата од Гевгелија на почетокот на оваа сезона и како тренер на тимот оствари максимален учинок во досегашниот дел од сезоната во БИБЛ лигата, со 7 победи во исто толку натпревари во групната фаза. На почетокот на 2015 година, со двете победи над Фени Индустри во квалификациските средби од Купот се пласираше на Фајнл Фор турнирот, додека во домашното Првенство на половина од сезоната клубот се наоѓа на шестата позиција на табелата со резултат од 4 победи и 5 порази.

Од клубот најавија дека интензивно работат на ангажирање на нов тренер кој ќе ја предводи екипата во продолжението на сезоната.

Натпреварите од домашното првенство продолжуваат веќе викендов, кога Кожув го очекува натпревар на домашен терен против Куманово.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос