Ибрахимовиќ може да биде казнет со 100 милиони евра, имал акции во обложувалница

Од:

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, се најде во непријатна ситуација, бидејќи компанија во која тој е еден од инвеститорите поседува 10 отсто акции во една обложувалница, а правилата на ФИФА и УЕФА им забрануваат на фудбалерите да имаат финансиска корист од обложувалници, објави шведскиот весник „Aftonbladet“.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, компанијата „Unknown AB“ со седиште во Стокхолм, во која 39-годишниот Ибрахимовиќ е еден од акционерите, поседува 10 отсто акции во обложувалницата „Bethard.com“.

Медиумите наведуваат дека на шведскиот репрезентативец и член на Милан му заканува парична казна во висина од 100 милиони евра или максимална суспензија во траење од три години.

-Не сме разговарале околу тоа со Ибрахимовиќ и не размислувам за можни санкции. Меѓутоа, што се однесува до правилата на ФИФА, мислам дека тие би требало да бидат појасни, бидејќи постојат различни толкувања, изјави генералниот секретар на Шведската фудбалска федерација Хакан Сјостранд.

Би можело да ве интересира

Обложувалницата Полимаркет бележи зголемени шанси Доналд Трамп да стане претседател

МВР: Уапсен е разбојникот кој ограби обложувалница и мини-маркет во Скопје

Жена од Ростуше украла пари од спортска обложувалница

Горан Наумовски

Ограбена e обложувалница во Чаир

Вооружен разбојник демолирал и ограбил обложувалница во Скопје

Србин со нож ограбил обложувалница во Бар