Новата ѕвезда на Лос Анџелес Галакси, Златан Ибрахимовиќ ќе заработува најмалку 10 пати помалку од времето кога настапуваше за Манчестер Јунајтед.
Извори на „Спортс Илустрејтед“ тврдат дека шведскиот напаѓач склучил договор до крајот на 2019 година за 1,5 милиони долари годишно (околу 1,2 милиони евра). Границата за плататите во МЛС не дозволува основниот надоместок на Ибра да биде повисок.
Само пред неколку месеци, Швеѓанецот настапуваше за многу поголем износ откако се пресели на „Олд Трафорд“ како слободен играч. Според различни извори, платата на Златан кај „црвените ѓаволи“ изнесувала помеѓу 15 и 20 милиони евра.
Се очекува сепак ветеранот да заработи многу повеќе пари од спонзорски договори.