Напаѓачот на италијанскиот фудбалски прволигаш Милан, Златан Ибрахимовиќ, повторно ќе игра за репрезентацијата на Шведска, откако се најде на списокот фудбалери што селекторот Јане Андерсон го објави за претстојните мундијалски квалификации.
-Тој е многу добар фудбалер, најдоброто што го имаме во Шведска и ќе биде навистина интересно да го гледаме неговото враќање, изјави денеска Андерсон.
Ибрахимовиќ се повлече од репрезентацијата по Еввропското првенство во 2016 година, а за Шведска досега одигра 112 натпревари и постигна 62 голови.
На стартот на мартовските квалификации за пласман на Светското првенство во 2022 година, Шведска ќе игра против Грузија, на домашен терен на 25 март, по што три дена подоцна и гостува на Косово, а на 31 март ја пречекува Естонија.