Ибрахимовиќ го победи коронавирусот

Од:

Златан Ибрахимовиќ, 38-годишниот напаѓач на Милан, се опорави од коронавирусот и може да биде во конкуренција за претстојното големо дерби со Интер, објави италијанскиот клуб.

– Фудбалскиот клуб Милан објави дека Златан Ибрахимовиќ е тестиран негативно на два последователни теста на брис. Градските здравствени власти во Милано го укинаа карантинот на Ибрахимовиќ, се наведува во соопштението на „росонерите“.

Минатиот месец, на 24 септември, клубот објави дека Ибрахимовиќ е заразен со коронавирус.

Големото дерби на Милан е закажано за 17 октомври.

Ибрахимовиќ (38) постигна три гола на првите два натпревари за Милан оваа сезона, во Серија „А“ и во Лига Европа.

Би можело да ве интересира

Ибрахимовиќ ќе го продолжи договорот со Милан до 2023 година

Ана Ололовска

Ибрахимовиќ: Се додека ме бараат, ќе играм

Ана Ололовска

Четириесетгодишниот Ибрахимовиќ стигна до бројката од 400 првенствени голови

ВИДЕО: Шоу на Нада Топчагиќ на роденденот на Златан Ибрахимовиќ

Катерина Ѓуровски

Пиоли: Ибрахимовиќ дефинитивно го натера Милан да расте многу и ќе му даде на тимот многу повеќе

А1он

Ибрахимовиќ нема да игра на Европското првенство

Ана Ололовска