Ибра за Јунајтед – ПСЖ: Кој и да продолжи понатаму, јас сум победник

Од:

Златан Ибрахимовиќ даде интересна прогноза за претстојниот судир од осминафиналето на Лигата на Шампионите помеѓу два од неговите поранешни тимови – Манчестер Јунајтед и Пари Сен Жермен.

Според Швеѓанецот, ПСЖ имаат мала предност, иако „црвените ѓаволи“ можат да победат секој поради формата во која се наоѓаат во последно време.

На крајот Ибрахимовиќ отсече дека ќе се чувствува како победник, без разлика кој ќе продолжи понатаму, бидејќи ќе има свој тим во следната фаза на натпреварувањето.

„ПСЖ игра против тим кој го преживува најдобриот период од почетокот на сезоната, па сè може да се случи, без разлика со кој игра Манчестер Јунајтед. Ако ме прашавте пред време, би рекол дека ПСЖ е фаворит, но сега е различно. Сепак мислам дека ПСЖ останува лесен фаворит поради играчите кои ги има. Кој и да продолжи понатаму, јас сум победникот. Кој и да продолжи, јас ќе имам мој тим во Лигата на Шампионите“, изјави Ибрахимовиќ.

Би можело да ве интересира

Навивачите го свиркаа Ибрахимовиќ, тој му даде отказ на тренерот Фонсека

А1он

Вулверхемптон на свој терен го победи Манчестер Јунајтед со 2:0

Манчестер Јунајтед го совладаа Манчестер Сити со 2:1

(ВИДЕО) Нов менаџер, стари проблеми – Јунајтед освои само бод кај Ипсвич

А1он

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед сакаат Ван Нистелрој да остане

А1он

Новиот тренер на Јунајтед: Ми рекоа или ќе дојдеш веднаш, или воопшто нема да дојдеш!

А1он