И во Англија нема да има фудбал

Од:

Водечките фактори во англискиот фудбал решија да ги прекинат натпреварите на сите нивоа во земјата, барем до 3 април.

Натпреварите во Премиер лигата, како и во Чемпионшип и долните две дивизии, нема да се играат во овој период. Запрени се и сите дуели на јуниорски нивоа.

– Одлуката е донесена заради зголемениот број на клубови кои преземаат чекори да ги изолираат своите играчи и штабови заради вирусот КОВИД-19. Покрај тоа, на клубовите им беше советувано да ги прекинат сите активности кои не се од витално значење за неодредено време. Оваа одлука не беше донесена лесно, но здравјето и состојбата на фудбалерите, тренерите и навивачите треба да бидат приоритет за нас, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Легендарен фудбалски тренер е во болница поради мозочен удар

А1он

Бизарна кражба во тоалет во ресторан во Англија – сопственикот е шокиран

А1он

Затворени 300 пабови: 4.500 луѓе останаа без работа

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Маж запали Куран пред турскиот конзулат во Лондон

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А