И Вардар покрај Металург директно од групите на Лига на шампионите

Од:

Македонскиот ракометен вицепрвак Вардар доби право директно да се натпреварува во групната фаза од Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ поднесоа барање до ЕХФ (Европска ракометна федерација) откако се знаеше дека Македонија има само едно место во Лигата на шампионите (првакот Металург).

ЕХФ го прифати барањето за „вајлд карта“ за Вардар, а одлуката е донесена врз основа на: квалутетот на клубот, финансиската моќ, интересот кај публиката, ТВ – покриеност.

Покрај Вардар уште пет екипи ја добија оваа шанса за директен настап во групите. Тоа се: ПИК Сегед, Висла, Алборг, ПСЖ и Монпеље.

Во групната фаза вкупно 21 екипа имаат изборено пласман, а другите 12 ќе играат квалификации (три турнир како фајнл фор завршница) со што ќе биде комплетирана бројката од 24 екипи.

Втора сезона по ред Македонија ќе има две екипи во групната фаза од Лигата на шампионите. Извлекувањето на групите ќе се одржи на 27 јуни.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он