И полицијата во Мадрид е подготвена за трки со криминалците

Од:

Иако ни од блиску не е импресивна како онаа во Дубаи, гаражата на полицијата во Мадрид стана побогата за два „Рено Меган РС“.

„Меганот“ можеби не може да се мери со супер-автомобилите што се возат по асфалтот во Емиратите, но за разлика од „шминкерските“ возила што тамошната полиција главно ги користи за сликање, овие француски автомобили ќе фатат и по некој криминалец.

Оние кои имаат намера да бегаат од мадридската полиција треба да имаат на ум дека по нив може да тргне автомобил што за шест секунди стигнува од нула до стотка и чија сила на моторот е 195 кW и ги развива максималните 254 километри на час.

Само како потсетување, „Рено“ минатиот месец исфрли уште посилна верзија под чија  хауба се крие мотор од 275 кс (202 кW), како и титаниумски издувен систем и подесиви Oxlins амортизери што нудат врхунски перформанси на патот и на тркачката патека.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска