И оваа година Стрит Баскет турнир во Струмица

Од:

Веќе четврта година по ред општина Струмица и Младинскиот совет организираат турнир во стрит баскет „STREET BASKET- STRUMICA 2014″ .

0д 5-ти до 7-ми септември сите љубители на кошарката ќе се соберат на едно место, на едно заедничко дружење, забавување и натпреварување, а воедно ќе бидат и обезбедени награди за натпреварувачите, награди за публиката и безброј интересни активности во рамките на турнирот.

Годинава паричниот фонд изнесува 15.000 илјади денари за прво место, 8.000 илјади денари за второ место и 4.000 илјади денари за трето место. Покрај тоа предвидена е и парична награда од 1.000 илјада денари за најдобриот играч на турнирот.

streetbasket=str

Учество на турнирот може да земат сите рекреативци и љубители на кошарката, а пријавувањето на екипата е бесплатно и истатa треба да брои 3+1 играчи кои што немаат право да се менуваат во текот на целиот турнир. Пријавување трае до 3 септември (среда) до 24:00ч, а ждрепката за турнирот ќе се одржи на 4 септември (четврток) во 20:00ч.

Она што не е дозволено е пријавување на играчи кои се професионални кошаркари и настапуваат во првата или втората македонска кошаркарска лига и со договор се врзани за професионална екипа.

Повеќе информации и пријавување на тел.броеви: 075/296-400; 075/495-003 и 075/216-225 и на официјалниот меил: [email protected]

Би можело да ве интересира

Водата и во Општина Василево не е за пиење и употреба

Катерина Ѓуровски

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Струмица – Валандово

Владата нуди помош за решавање на проблемот со водата за пиење во Струмица

Струмичани ќе добиваат вода за пиење од апарати и канистри поставени во сите училишта и градинки

Катерина Ѓуровски

АХВ: Водата во Струмица не е за пиење, има манган и колиформни бактерии

Горан Наумовски

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ