Хуманитарен пинг понг турнир во Велес

Од:

Во организација на Општинскиот Црвен крст и во техничка соработка со ППК „Борец Тим“ денеска во спортската сала „Гемиџии“ во Велес се одржа хуманитарен пинг понг турнир.

На турнирот, со кој Општинскиот Црвен крст го одбележа 17 март -Денот на Црвениот крст на Македонија и Ден на крводарителството, учествуваа 20 млади пингпонгари од градот и неколку возрасни.

Како што информира за МИА Симон Ангелов, секретар на ППК „Борец Тим“, турнирот поминал во одлична и спортска атмосфера.

– Учесниците играа пинг понг, а притоа беа колегијални во игра на спортски дух и воедно се дружеа на најубав начин преку спортот, изјави Ангелов.

Првото место го освои Ѓорѓи Бошевски, второто Вили Ангелов и третото Фахир Лековиќ. Ним им беа врачени и признанија за постигнатиот успех.

Собраните средства од хуманитарниот пинг понг турнир, за кој учесниците требаше да платат минимална котизација за учество, како и од парите за влезници, ќе бидат врачени на социјално загрозено 12-члено семејство од велешкото село Мелница.

Би можело да ве интересира

Судијка и сопственици на аптеки од Велес обвинети за фалсификување

Катерина Ѓуровски

Сообраќајка во Велес, еден сопатник е полесно повреден

Огништа од БРАКО за вечерните забави на Винтерфест во Велес

Изгаснат пожар на ридот во близина на Филтер станицата за вода во Велес

Катерина Ѓуровски

Мртов маж е пронајден во возило од градскиот превоз во Велес

Тројца велешани нападнале екипа на ЕВН

Горан Наумовски