Хулкенберг нема да се трка во Формула 1 следната година

Од:

Нико Хулкенберг потврди дека нема да се трка следната сезона во Формула 1, но исто така не смета дека ќе се повлече трајно од елитните автомобилски серии.

Триесет и две-годишниот Германец е дел од трките уште од 2010 година, а за Рено вози уште од 2017 година. Сепак, тој не доби предлог за нов договор следната сезона.

– Ова не е трајно повлекување. Јас едноставно нема да возам во Формула 1 во 2020 година. Кој знае што ќе се случи следно? Го сакам овој спорт. Ќе се обидам да бидам фит додека ја чекам мојата следна шанса, сподели Хулкенберг пред новинарите пред Големата награда на Бразил во Сао Паоло.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес