Хрватска е посрамотена поради дивеењето на хулиганите, а се огласи и претседателката Колинда Грабар-Китаровиќ со остра осуда поради прекинот на натпреварот. Разочаран е и првиот човек на Фудбалскиот сојуз, Давор Шукер кој кажа дека очекува голема парична казна.
-Браво огнени, браво! Браво, хрватски навивачи! А вие, непријатели на Хрватска, што ја мразите сопствената репрезентација и држава ви порачувам: ќе одговарате и за ова и за свастиката. Срам да ви е, напиша претседателката на Хрвтаска на својот Фесбук профил.
Од Хрватскиот фудбалски сојуз по завршување на натпреварот со Чешка, соопштија дека имале информации дека ќе се фрлаат факели на теренот во 85 минута.
-Имавме дојава дека во 85 минута ќе дојде до нереди. Затоа и француската специјална полиција влезе на стадионот и ја огради трибината со нашите навивачи, рече Мирослав Марковиќ, повереник за сигурност во Хрватскиот фудбалски сојуз.
Тој најави дека ќе се утврди идентитетот на тие што го направиле нередот поради што и е нанесена штета на хрватската репрезентација.
Хрватскиот фудбалски сојуз по тепачката помеѓу хрвтаските навивачи на трибините и фрлањето на факели на теренот го очекува уште една драстична казна, можно е и исфрлање од Европското првенство.
Претседателот на ХФС, Давор Шуккер рече дека репрезентацијата сигурно ќе биде казнета како и Русија поради нередите на стадионот во Марсеј.
Од УЕФА потврдија дека е покрената дисциплинска постапка поради фрлањето на факели и дивеењето на хрватските навивачи за време на натпреварот со Чешка. УЕФА веќе има покренато и постапка против хрватската репрезентација и поради случувањата во Париз, поради користење на пиротехнички средства и влегување на навивачите на фудбалскиот терен.