Хрватска со невидена спортска атракција

Од:

Хокеј на мраз на Јадранското море и на отворено звучи исто како и скијање во пустината Сахара, но сепак тоа не значи дека е невозможно. Хокејскиот клуб „Медвешќак“ планира да ги организира претстојните натпревари на регионалната ЕБЕЛ лига на хокеј на мраз во Пула и Истра, што наиде на големо воодушевување кај љубителите на загребскиот хокејски клуб.

Хокејашите од „Медвешќак“ секоја година ги изненадуваат своите фанови, но оваа година планираат да се надминат самите себе со спектакуларната организација на натпреварите во хокеј на мраз во пулската арена.

Сепак портпаролот на клубот, Ранко Вучиниќ, изрази мало сомневање во реализирањето на оваа идеја во изјавата за Спортски нет:

„Ние сакаме да играме хокеј во амфитеатарот во Пула, но сега за сега тоа е само предлог презентиран пред претседателот и клубовите од лигата на ЕБЕЛ. Окако ќе ги решиме сите проблеми околу оваа идеја, посебно финансиските и начинот на заштита на амфитеатарот затоа што тој е споменик на УНЕСКО, најверојатно ќе ги одиграме натпреварите. Сега засега тоа е само идеја, а конечните решенија дополнително ќе ги објавиме“.

Откако уредно го направија распоредот за престојните натпреварите во Загреб, за само седум од нив тие продадоа над 100.000 влезници. Иако ќе биде малку потешко од организирање нормален хокеј и подготвување на мразот во екстремни топли услови и на отворено, сепак од Мечките се очекува секогаш најдоброто.

 

Би можело да ве интересира

Играчите во НХЛ ќе бидат подложени на брзи тестови на коронавирус пред натпреварите

Ана Ололовска

Сезоната во НХЛ може да почне на 13 јануари

Ана Ололовска

Тампа беј го освои Стенли купот по втор пат во историјата

Ана Ололовска

Далас стигна до финалето на Стенли купот за прв пат по две децении

Ана Ололовска

НХЛ и здружението на играчи се согласија за планот за продолжување на сезоната

Ана Ололовска

За малолетниците забранет влез на финалните натпревари од хокеарскиот шампионат на Белорусија

Ана Ололовска

Leave a Comment

sixteen − thirteen =