Хрватот Вркиќ потпиша за Карпош Соколи

Од:

Вториот македонски претставник во АБА-лигата, екипата на Карпош Соколи, ќе влезе засилена во претстојната сезона, откако управата на клубот ги заврши сите работи околу потпис на договорот со хрватскиот интернационалец Зоран Вркиќ.

29-годишниот крилен кошаркар висок 203 сантиметри во таборот на „соколите“ доаѓа од Шпанија и тоа од редовите на скорешниот прволигаш Гупузкоа од Сан Себастијан.

Претходно, во својата кариера, Вркиќ има настапувано за екипи како Билбао баскет, Икарос, Задар, Бјанкоблу баскет од Болоња, Задар, Унион Олимпија…

Вркиќ се очекува да биде големо засилување за составот на Синиша Матиќ во пресрет на напорната сезона, во која карпошовци покрај АБА-лигата ги очекува и дебитантски настап во БИБЛ-лигата.

Претходно, во таборот на Карпош Соколи пристигнаа српските интернационалци Драган Лабовиќ, Драган Зековиќ, и Урош Дувњак како и Американеците Ламонт Мек и Кендрик Пери. Од „староседелците“ тука се Дарко Соколов, Игор Пенов, Душан Кнежевиќ и талентираните Дамјан Јакимовски, Иван Сапунџиев и Филип Бакоч.

Во рамки на полуфиналето од Суперупот, „соколите“ вечер ќе ги одмерат силите со Куманово, во салата „Јане Сандански“ во Скопје со почеток во 20:30 часот.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ