Хрватот Мавра е нов кошаркар на Карпош Соколи

Од:

Талентираниот хрватски интернационалец, Доминик Мавра (22 год., 194 см.) од денеска и официјално е нов член на екипата на Карпош Соколи, со која потпиша договор до крајот на сезоната.

Станува збор за играч од кого се очекува да ја засили бековската линија на тимот и да донесе нова енергија по низата од четири порази во АБА-лигата. Мавра е член на златната кадетска и јуниорска генерација на Хрватска, која стана европски шампион во 2010 во Црна Гора односно 2012 година во Литванија.

Иако е роден во Задар, кариерата ја почнува во тимот на Загреб, потоа минува кус период во Сплит, а од 2013 до 2015 настапува за екипата на Цибона, со која во 2014 година доаѓа до шампионскиот прстен во АБА-лигата. Поголем дел од минатата сезона ја минува во дресот на полскиот прволигаш МКС Даброва.

Мавра е првото засилување за К. Соколи по заминувањето на Лемонт Мек, а неговото деби најверојатно ќе биде на саботното гостување токму кај неговата Цибона, ако во меѓувреме се среди потребната документација за регистрирање во АБА-лигата.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ