Организаторите на хрватското Светско првенство се соочуваат со казна од Меѓународната ракометна федерација.
Победата на Холандија над Северна Македонија (37:32) во Вараждин беше засенета од масовни навивачки нереди.
Испровоцирани од двата црвени картони што им ги дадоа данските судии на нашите репрезентативци, македонските навивачи почнаа да фрлаат тврди предмети на теренот, принудувајќи ги Холанѓаните да избегаат во соблекувалната.
🚨 Drama at #HandballWM2025! 🚨
🇳🇱Netherlands vs. 🇲🇰North Macedonia ended in chaos as fans threw objects at Dutch players. Macedonian supporters accused 🇩🇰 referees of bias after 7 suspensions, 2 red cards, and 13 penalties. Tensions ran high in Varazdin! 😳 #Handball pic.twitter.com/32TditOt4l— Hen Livgot (@Hen_Livgot) January 18, 2025
ИХФ реагираше и им додели казни и на Македонската федерација и на организаторите.
Исто така, Хрватите се предупредени дека Арената во Вараждин ќе биде затворена доколку повторно се случат слични инциденти, додека затворањето на трибините е принудно.
Дополнително, мора да се зголемат безбедносните мерки и бројот на чувари и полицајци.