Хрватскиот фудбалски сојуз одлучи виновникот за инцидентот по победата над Русија да го исфрли од репрезентацијата и тоа само два дена пред полуфиналето со Англија.
Хрвтаскиот фудбалски сојуз издаде соопштение за одлуката на раководството со која Огнен Вукојевиќ е разрешен од должноста соработник на стручниот штаб на репрезентацијата.
-Хрватскиот фудбалски сојуз ја известува јавноста дека Огнен Вукојевиќ нема повеќе да биде член на делегацијата на Светското првенство во Русија, објавено е на службената страница на сојузот.
Вукојевиќ по натпреварот на Хрватска со Русија на социјалните мрежи објави спорна снимка поради која ФИФА отвори дисциплинска постапка. Тој со фудбалерот на Хрватска Вида Домагој победата ја посветија на Украина.
На Вукојевиќ му е повлечена и акредитацијата за Светското првенство.