Кошаркарската репрезентација на Хрватска ја оствари втората победа на Европското првенство откако во неизвесен дуел од групата Ц славеше против Естонија со 73:70. Потешко од очекувањата, Хрватите на крајот стигнаа до планираниот триумф.
Карло Матковиќ со 17 поени беше најефикасен во таборот на „коцкестите“, а Дарио Шариќ уфрли 15 поени. Кај Естонците, а и на натпреварот воопшто, најдобар стрелец беше Сим-Сандер Вене со 18 постигнати кошеви.
Во групата Д, Полска го совлада Израел со 85:76. Слоутер беше најефикасен кај Полјаците со 24 поени.
Извор: Топспорт