Хозе Мариа Берокал е нов селектор на машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија

Од:

Кошаркарската федерација на Република Македонија ја информира јавноста дека Управниот одбор на Федерацијата донесе одлука за именување на г. Хозе Мариа Берокал за селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија.

Г. Берокал е искусен шпански тренер со импозантно портфолио зад себе, со повеќе од 35 години тренерско искуство, од кои 21 година во професионална кошарка, како и 14 години искуство во Евролигата, најелитното европско клупско натпреварување.

Во својата богата кариера како главен и помошен тренер, г. Берокал има освоено вкупно 21 трофеј, меѓу кои и две титули во Евролигата, а работел во 13 различни национални лиги и девет држави, што го вбројува меѓу најискусните интернационални тренери во европската кошарка.

Неговиот професионален ангажман вклучува работа во врвни европски клубови како Барселона, Панатинаикос, Басконија, Макаби од Тел Авив, Баерн Минхен, како и во повеќе национални првенства на највисоко ниво (AЦБ – Шпанија, Евролигата, израелската лига, Лигата на Турција, украинската лига и други).

Г. Берокал соработувал со некои од најголемите имиња во светската кошарка, меѓу кои: Светислав Пешиќ Чави Пасквал, Душко Ивановиќ, Јоргос Барцокас, Велимир Перасовиќ, Одед Каташ и Гордон Херберт, што дополнително го потврдува неговиот стручeн и професионален кредибилитет.

Покрај работата со сениорски екипи, Берокал има и значајно искуство во развој на млади играчи, со 15 години работа во младински категории, вклучително и освојување на две шампионски титули во Шпанија со У18 селекции.

Неговата работа е препознаена како системска, дисциплинирана и насочена кон долгорочен развој на играчи и тимови.

Ангажманот на г. Хозе Мариа Берокал претставува дел од стратешката определба на кошаркарската федерација на Македонија за подигнување на стручните стандарди, воспоставување на јасен систем на работа и градење конкурентна сениорска репрезентација, во тесна поврзаност со младинските селекции.

Федерацијата изразува уверување дека искуството, знаењето и меѓународниот авторитет на новиот селектор ќе придонесат за стабилност, напредок и јасна визија во натамошниот развој на македонската кошарка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шелтон: „Знам дека го сакавте Новак – слушнав од трибините“

Предраг Петровиќ

Македонија и Португалија одиграа нерешено во драматичен ракометен дуел

Меси одлучи каде ќе ја заврши кариерата

Даниловиќ ја елиминираше Венус Вилијамс во првото коло на Австралија опен

Невидена ситуација во кошарката, натпреварот во Лигата на шампионите заврши по само седум минути

Предраг Петровиќ

Трибина „70 години ракомет во Битола“