Хокеарскиот клуб Металург е победник на меѓународниот турнир одржан по повод 13 Ноември Денот на ослободувањето на Скопје.
Металурзите во драматичен и до крај неизвесен натпревар успеаја да го совладаат српскиот прволигаш, Спартак Суботица со 5:4 (0:1, 2:1 и 3:2).
Домашните хокеари иако го загубија првиот период со минимален резултат (0-1), во следните два периоди успеаја на ист начин да возвратат и да остварат минимална победа од 5-4, доволна за првото место на „SKOPJE ICE FESTIVAL 2014“. Херој на нашата екипа беше Јуре Внук кој постигна четири погодоци, од кој последниот на 40 секунди пред крајот на мечот, вреден – победа. Стрелец на еден гол за хокеј-тимот на Металург беше и Димитриј Прокудин.
Во утешното финале за третото место, бугарскиот тим Ред Стар го совлада грчки Ираклис со убедлив резултат од 11-0 (4-0, 5-0, 2-0).
Натпреварите ги проследи и директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески кој им го честиташе големиот успех на хокејарите.