Хокеарите на Вашингтон Капиталс енергично ја прославиле победата во Стенли купот. Тие на прославата што се одржала во еден од ноќните клубови во Лас Вегас направиле цех од околу 100 илјади долари.
Сметката ја платило раководството на клубот кој пред неколку дена за прв пат во историјата стана шампион на Американската професионална хокеарска лига.
На настанот присуствувал и познатиот „DJ Tiesto“.
Во диџејската кабина на Тиесто на моменти се нашле и некои од славениците.
За потсетување, Вашингтон Капиталс го освои првиот трофеј во историјата, победувајќи го во финалето Вегас со 4-1 во серијата од плејофот на НХЛ.