„Хјундаи“ посакува во 2016. да продаде 700.000 примероци од моделот „Елантра“

Од:

Новата генерација на компактната лимузина на „Хјундаи“ -„Елантра“ својата премиера ја имаше на домашен терен во Кореја. Во однос на претходната верзија, новата „Елантра“ се карактеризира со посовремен дизајн и поголеми димензии.

Автомобилот што на домашниот, корејски пазар е познат под ознаката „Аванте“, во повеќето други земји од светот, како и во Европа, и понатаму ќе се продава како „Елантра“.

Во споредба со моделот на заминување, новата генерација е порасната за 20 милиметри во должина (4.570 милиметри) и 25 милиметри во ширина (1.800 милиметри). Автомобилот е за пет милиметри повисок од претходната верзија, додека меѓуосовинското растојание остана исто (2.700 милиметри).

Како и повеќето модели на „Хјунади“ од најновата генерација и „Елантра“ доби нов дизајн на маската на ладилникот, како и рестилизирани браници и предни и задни светлосни групи.

Задражана е препознатливата силуета, а моделите со побогати пакети опрема имаат хромирани кваки.

Фаровите и стоп светлата се со помали димензии и не се завлекуваат толку многу во страничните делови на каросеријата како што тоа беше примерот порано.

Се добива впечаток дека внатрешноста е обликувана повеќе според вкусот на европските купувачи. Нема веќе експериментирање со кривите линии и атипичните вентилациски отвори – дизајнот е посмирен и поконзервативен.

Кон повеќето команди во верзиите со поскапи пакети опрема се пристапува преку осуминчниот екран од мултимедијалниот систем или преку мултифункционалниот волан, додека функциите на клима уредот се издвоени во посебен сегмент.

Моделот за корејскиот пазар е достапен со два бензински и еден дизел мотор.

Најсилниот, 2.0-литарски бензинец располага со 149 кс и 180 Нм, додека покрај него во понудата е и 1.6 ГДи со 132 кс и 161 Нм. Дизелашот добива погон од 1.6-литарска единица со 136 кс и 300 Нм.

„Хјундаи“ се пофали дека ги подобри аеродинамичките карактеристики со намалување на коефициентот на отпор на воздухот на 0,27, што покрај современите погонски единици секако ќе придонесе за подобрата економичност во возењето.

Корејскиот производител очекува во 2016 година продажбата на моделот Елантра/Аванте ширум светот да достигне 700.000 примероци.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска