„Хјундаи и30 Н“ влегува во завршна фаза на тестирањето

Од:

„Хјундаи“ својот насилен модел „и30“ ќе го претстави за неколку месеци.

Компоанијата објави неколку нови фотографии од својот прототип „Хјундаи и30 Н“, кои се снимени во Арјеплог во Шведска, каде неколку автоиндустриии со години го изведуваат зимските тестирања при екстремно ниски температури, кои во ова време на годината се вообичаени во близина на арктичкиот круг.

Тест возачот Тери Невил изјави дека е презадоволен од однесувањето на автомобилот во екстремни услови со минимално сопирање, додавајќи дека инженерите направиле одлична работа околу менувачот и диференцијалот.

Покрај фактот дека на Н секторот на „Хјундаи“ се приклучи и Алберт Бирман, поранешен втор човек на M секторот на Бе-Ем-Ве, јужнокорејската компанија ги има сите потребни предуслови првпат да влезе во етаблираното друштво на спортските автомобили.

Иако се уште не е потврдено, се очекува производниот модел „и30 н“ да има дволитарски четирицилиндричен турбо мотор, кој ќе развива 300 коњски сили.

Производниот модел „и30 Н“ нема да има екстремни каросериски детали како во „Хонда Сивик Тајп Р“, но визуелно и тоа како ќе се разликува од стандардните послаби моторизирани верзии.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска