„Хјундаи“ го претстави новиот и20

Од:

„Хјундаи“ објави први официјални фотографии и податоци за новата генерација на моделот и20, што ќе биде премиерно претставен на Саемот во Париз.

Новата генерација на „Хјундаи и20“ е дизјанирана и произведена во Европа, а јужнокорејската компанија нагласува дека новиот модел е поставен на нова платформа и е опремен со модерна технологија.

Во основна опрема „Хјундаи и20“ ќе биде опремен со камера за паркирање, како и предни и задни ЛЕД светла.

Дизајнот на новата генерација на и20 е роден во европскиот центар на „Хјундаи“ во Риселсхаим, Германија.

Премиерата на новата генерација и20 е закажана за 2 октомври на Саемот на автомобили во Париз.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска