Екипата на Химки ја постигна третата победа сезонава во Евролигата откако вечерва во првиот дуел од 3.коло ја совлада Црвена Звезда со 85:78.
По изедначеното прво полувреме кое „црвено-белите“ го добија со поен предност (44:43), Химки на почетокот на вториот дел направи серија од 17:4 за двоцифрено водство. Предноста руската екипа ја зачува до крајот на натпреварот.
Најефикасен на дуелот беше Џејмс Андерсон со 24 поени, а поранешниот македонски репрезентативец Перо Антиќ постигна 6 поени.
Покрај Химки без пораз по двете први кола се уште екипите на Реал Мадрид, Макаби и Олимпијакос.
Вечерва се играат натпреварите: Макаби – Олимпијакос, Реал Мадрид – Милано и Барселона – Жалгирис.
Утре се играат дуелите: ЦСКА Москва – Панатинаикос, Фенербахче – Анадолу Ефес, Басконија – Валенсија, Уникаха – Бамберг.