Јапонецот Кеи Нишикори трета година по ред го освои трофејот на тенискиот турнир во Мемфис и стана првиот играч кој трипати по ред победил на овој турнир од неговото основање во 1975 година.
Нишикори во финалето беше подобар од Кевин Андерсон (Јужна Африка) со 2-0, по сетови 6:4 и 6:4.
За Нишикори, ова е прва титула во 2015 година или вкупно осма во кариерата.
Како награда, покрај пари, Јапонецот доби и рачно изработена електрична гитара „Гибсон Мемфис“ наместо трофеј.