Најдобриот кошаркар на Хјустон рокетс, Џејмс Харден е казнет со 50.000 долари поради кршење на протоколите на НБА за превенција од коронавирус.
Харден на тој начин избегна дисквалификација.
Истрагата за кошаркарот започна откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа Харден на забава на 21 декември, иако правилата забрануваат играчи да посетуваат барови, клубови и други установи со повеќе од 15 лица.
На Харден му беше забрането да го игра првиот натпревар во новата сезона, против тимот на Оклахома.
Поради неколку случаи на позитивни играчи на коронавирус, 8 од 15 кошаркари од тимот на Хјустон, нивниот прв меч во сезоната е одложен.
Самиот Харден направи тестови во понеделник, вторник и среда. Сите резултати беа негативни.